Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја презеде улогата да биде адвокатот на Ковачевски. Тие побрзаа предвреме да го амнестираат дезертерот Ковачевски од аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ни постапка, ни аргументи ни факти не посочија, туку само посочија дека Ковачевски според нив не бил виновен.
Ова отвора сомнеж дека ДКСК позната како антикорупциска комисија е само продолжена рака која го штити криминалот и ја амнестира корупцијата. После да не се чудат институциите за борба против корупција зошто огромно мнозинство од граѓаните не им верува. Но Ковачевски ги пушти низ вода и ДКСК и сите негови заштитници со признанието дека во време кога тој бил на функција исплаќана била финансиска помош на фирмата која тој ја основал, а која сега е во целосна сопственост на неговиот кум. Со ова тој практично ги потврди сите пресови на ВМРО-ДПМНЕ во кои зборувавме дека додека тој е на функција фирмата „Пиксел“ добивала пари од државата и вносни бизниси. Ако ова не е доволен сомнеж за судир на интереси и трговија со влијание за ДКСК, тогаш навистина Македонија е во ќор сокак со борбата против корупцијата, се наведува во соопштението на партијата.
Овој скандал тежок 26 милиони евра кој го открива аферата „Броило“, а во кој се наоѓа Ковачевски и соларниот картел кој го создал, почнува да наликува на злосторничко здружение пред кое институциите замижуваат. Ковачевски треба да одговара за здружувањето кое го направил и на кое му овозможил милионски бизниси и богатење.