Левица е во паника. Наместо ВМРО-ДПМНЕ, како што планираа, трагедијата во Кочани ги фрли во сенка токму нивните блиски сојузници, оние од поранешниот картел на власт на СДС и ДУИ. Па сега, кога им се распаѓаат сите конструкции, остана само нервозата и деструкцијата.

Да потсетиме: Димитар Апасиев лично беше советник на најблиските соработници на тогашната СЈО, и на истиот тој Коцевски, кој денес го води случајот за Кочани.

Сите тие завршија неславно: СЈО се распадна под тежината на корупцијата и рекетот, а Катицa Јанева отиде во затвор. Но сите беа инволвирани. Апасиев беше дел од истиот тој систем.

Го повикуваме Апасиев јавно да каже:

– Колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

– Дали и денес му даваат инструкции за тоа кој да биде мета, а кој заштитен?

– До кога овој неуротичен лик ќе глуми лудило и ќе мисли дека може да ја манипулира јавноста потценувајќи ја?

Да не заборавиме: Апасиев беше дел од хорот што со песна го донесе Заев на власт, за потоа да добие улога – да глуми лажен патриот и да собира гласови од десницата. Но тоа сценарио одамна е прочитано. Квази-русофилот Апасиев е политичка и морална нула, со рејтинг бетонски зацементиран на 4.5%.

Неговиот пат низ анти-македонски невладини, неговото соучество со СЈО, и неговите драми со фрлање на кондоми по институции, не можат да се избришат со неколку ефтини настапи.

Вакви инфилтратори и предавници низ историјата секогаш имало. Но народот денес е мудар, искусен и одлучен, и добро ги распознава нервозата и лицемерието на советникот на Катицa Јанева: Димитар Апасиев.

Толку од соопштението.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ