ВМРО – ДПМНЕ: Апсењата не се производ на правото туку на деспотизмот на Заев

/ 21.02.2019

ВМРО-ДПМНЕ смета дела вчерашните апсења, не се производ на правото, туку, како што велат, на деспотизмот на Заев и картелот околу него.

-Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апсењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото. Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања, велат од партијата и додаваат дека секој еден кој ја злоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата.

-Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на општеството ќе биде поразен од граѓаните, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

-Деспотот Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните најпрвин на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори, потенцираат од партијата.


Од истата категорија