Срамно е СДСМ да ги убедува граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт и ги вработува блиските на функционерите на СДСМ во државните институции, реагира опозициската партија.

– ВМРО-ДПМНЕ две години е во опозиција, а во меѓувреме секојдневно јавноста е сведок за  ново „дизел“ вработување во државни институции на најблиски роднини на функционерите на СДСМ  каде што земаат огромни плати и хонорари. Откако се на власт речиси да нема функционер од СДСМ кој не си вработи член од семејството во државните институции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста, се додава натаму, не очекува оставки само од вработените роднини туку и од функционерите кои што влијаеле за нивното вработување.

– Со право се поставуваат прашања како баш членовите на семејствата на функционерите на СДСМ биле или единствените кои конкурираат или најдобрите кандидати. СДСМ се фатени на дело во епидемијата за непотизам лажно морализираат.  СДСМ треба да понесе одговорност, а не да ја замајува јавноста со манипулации и лажни клевети, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.