Поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер ќе го замени Вес Мичел на позицијата помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија на 18-ти март.

Рикер беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.

Тој беше и заменик-помошник-секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања во периодот од 2011 до 2013 година.

Инаку, Вес Мичел минатиот месец поднесе оставка поради лични причини.