Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново Уставно име.

– Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот Договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република С. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ овој закон го услови со еден амандман. Единствениот амандман кои ние го поднесовме е на предлог законот е да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име. Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години. Тоа е нашето условување да го поддржиме овој закон. Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на С. Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка, рече пратеникот Лефков во своето гостување.