Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.
Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона.
Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини.
Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ – бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако партијата денеска објави дека и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, бил добил позитивен тест на корона вирусот на 19 јануари, но бил на групните манифестации на Водици.
На ова реагираше Бухова од Државниот здравствен инспекторат која реше дека Зечевиќ не бил тестиран на 18 јануари, туку на 20 јануари, по што следеше повторното обраќање на ВМРО-ДПМНЕ.