После извршените консултации со пратеничката група и врз основа на дискусијата на затворената седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го донесе следниот заклучок:
– ВМРО-ДПМНЕ опстојува на принципиелност, честитост, искреност и доследно применување на законите и Уставот на Република Македонија, без оглед на политичката, општествената или било каква друга припадност, за разлика од непринципиелноста, криминалот, неправдата и селективноста во примената на законите и Уставот од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев. Водени од погоре кажанато, апелираме и ги охрабруваме пратениците во собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија, соопштија од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот прогон на власта, селективноста во примената на законите, и штитењето на вистинскиот криминал кој го прави власта е разликата која треба да се подцрта и осуди од секој одговорен субјект.
– ВМРО-ДПМНЕ покажува на дело дека секој еден граѓанин е еднаков пред законите. Ова е пример кој треба вистински да го следи оваа неодговорна и неспособна власт на СДСМ и Зоран Заев, а веднаш после формирањето на новата Влада во Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати владеењето на правото, вистинската апликација на законите и битката против организираниот криминал и корупција без разлика на политичката припадност на сторителот на криминалот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.