Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази сочувство за смртта Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.
– Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем. Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ратка Димитрова почина на 80 годишна возраст. Освен функцијата пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание на Република Македонија, така имаше и богата кариера како виолинистка, со многу одржани концерти во Македонија и во светот.