Почитувани,
Вицепремиерот Артан Груби треба сериозно да се ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за надавање како што е навикнат на принципите по кој се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ.
Наместо да се обидува да прави пазар, Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните. Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Артан Груби изјави дека ако се отвори Уставот, како што бара Мицкоски за намалување на бројот на пратениците на 90 и за воспоставување една изборна единица, ќе биде укината и одредбата за албанскиот јазик која овозможува негова службена употреба во општините во кои тие се над 20 отсто, одредба која веќе е прегезана со Законот за употребата на јазиците донесен во време на Заев, а за која Уставниот суд не сака да се изјасни.