Жални се обидите на Кузеска да ја лаже јавноста, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес конференцијата на Богданка Кузеска
„Еве јавно Кузеска нека каже по кој член од предложениот закон на СДСМ се превидува зголемување на платите.
Време е да престане Кузеска да шири лажни вести.
СДСМ воопшто не предвидува зголемување на плати, а за тоа е доказ и одбиениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој што предвидуваше скалесто зголемување платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.
СДСМ и ДУИ имаат цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж.
СДСМ шверцерски како и секогаш бара да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието“, се вели во реакцијата.