Зачудувачка е леснотијата со којашто ВМРО ДПМНЕ блокира толку важен Закон кој воопшто не го прочитале, сопштуваат од СДСМ како реакција ан соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое бараат да с еобјавата членовите од Законот за наставници со кои се зголемува платат на наставниците.

„Со ова ВМРО ДПМНЕ го докажа и го достигна врвот на деструкција.

Доколку барем малку имаат искрена грижа за наставниците, ВМРО ДПМНЕ наместо да блокираат, ќе прочитаа и ќе знаеја дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основната компонента и исклучителната компонента изразени преку бодови.

Значи основата компонента е различна зависно од кариерниот напредок и звањето на наставникот, а исклучителната компонента се изразува во членот 66-в.

Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно концепцијата за основно образование и воспитание, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

Она што ВМРО ДПМНЕ не сака да го признае е дека со раст на минималната плата, ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основното и во средното образование.

Пред да блокираат и демантираат, ВМРО ДПМНЕ ги упатуваме и на член 66-ж од Законот во којшто е наведено дека Министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници, а во рамките на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број на даватели на јавни услуги распоредени по соодветните нивоа за тековната година.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

Наставниците не заслужуваат да бидат потценети, навредувани, а најмалку ВМРО ДПМНЕ да ги дели партиски.

Наместо да трошат време на препукување, пишување деманти и блокади со кои спречуваат раст на платите во образованието, нека го прочитаат Законот и конечно да престанат со постојаното блокирање.

Во прилог на запознавање на ВМРО ДПМНЕ е и линкот до Предлог законот кој е јасно и транспарентно објавен“, се вели во соопштението.