ВМРО-ДПМНЕ ДО НИКОЛОВСКИ: Ден Дончев ти е на слобода, а Вице Заев го снема од кривичната за РЕК

/ 22.11.2021

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери?

Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова.

Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче.

Долга е листата за истраги и процеси кои се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само времено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат, стои во партиската реакција.


Од истата категорија