ВМРО-ДПМНЕ: До Обвинителството допира само гласот на Зоран Заев

/ 09.08.2018

Македонија е заробена држава. Единствена во демократска Европа која во 21 век се уште во своите затвори има политички затвореници. Обвинителството се претвори во партиска испостава на СДСМ, која служи за монтирање на обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Судот пак штанца пресуди за политички монтирани случаи, по директиви од Заев со цел тој да се пресмета со оние кои се гласни во борбата против неговите антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-До обвинителството не допира гласот на јавноста за обидот за грабеж на 45 милиони евра државни пари преку разни криминални тендери и грантови кои служеа за исплата на партиските послушници на СДСМ, но затоа допира гласот на Зоран Заев и нарачката за прогон на неговите неистомисленици. До ОЈО не допре ниту случајот со злоупотребата на службена должност кога министерката за одбрана Радмила Шекеринска додели грант од половина милион денари во невладина организација каде членува и таа самата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Распродажбата на државните и националните интереси нема да ги спаси државни функционери на СДСМ кои се огрешиле пред законот да одговараат според членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч. Промената на името, идентитетот, јазикот и откажувањето од Македонците во соседството нема да го реши проблемот со клептоманството на функционерите на СДСМ. Откажувањето од се што е македонско нема да ја промени очајната состојба во правосудството, кое наместо да ги гони криминалот на власта на СДСМ, служи за негова амнестија“.

Политичките затвореници и политички монтирани судски процеси, подвлекуваат од партијата, не се одлика на една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ и НАТО.

-Ниту пак криминални тендери и грантови се дел од западните цивилизациски вредности. Свитканата кичма на Зоран Заев не е одлика на лидер на земја членка на ЕУ или НАТО. Но, ако кичмата на Заев е флексибилна и лесно се витка, граѓаните чекорат гордо и исправено, со високо крената глава кон кочен пораз на политиките на Заев и Победа на Македонија.


Од истата категорија