Владата на СДСМ овие три години се занимава само со популистички и неефективни мерки, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со популистичките мерки.

– Мерката „Мој ДДВ“ е една од низата на популистички мерки без ефект за граѓаните. СДСМ во изминативе три години покажа само неспособност, некадарност и неработа. Ефектите се видливи. Економијата со владата на СДСМ тоне. Популизмот нема да го спречи падот на СДСМ. Доаѓа обнова, се вели во соопштението.