Пропустите во истрагата за убиството на Панче, чинеа живот. Останува отворено прашањето зошто возилото на Панче се движеше слободно по скопските улици и доведе до ново убиство, овој пат на Вања, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски обвинува, и е во паника затоа што нема или се плаши да го каже одговорот на прашањата дали возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања било на скопските улици 3 дена пред да биде киднапирано девојчето? И зошто не е распишана централна објава за возилото, за истото веднаш преку Системот Сејф Сити да се детектира и пронајде, а со тоа и да се пронајдат убијците на Панче?

Доколку Спасовски одговори на овие две прашања, и нему ќе му стане јасно каде е пропустот, но очигледно тоа го плаши.Возилото и Панче се пријавени за исчезнати и за тоа пишуваа и медиумите веднаш. Зошто МВР на Спасовски не постапуваат е нејасно.

Прикривање докази е кривично дело, но и непостапувањето согласно процедурите исто така. И двете нешта треба да ги загрижат СДС.

Токму тие се власт и токму нивни кадри ги раководат институциите кои ако не направеа пропусти, ако реагираа на време или ако не го штитеа и охрабруваа Палчо немаше да дојде до оваа трагедија. Впрочем ако пред 7 месеци беа санкционирани Палевски и истата негова група за нелегално копање артефакти во Демир Капија и поседување нелегално оружје, немаше да дојде до оваа трагедија со изгубени два невини животи.

Но СДС одбра да со неказнивост и сеење на токсична атмосфера да им го чисти патот на радикални медиуми и контроверзни ликови како Палчо да бидат опозиција на опозицијата. Негуваа монструм добија Франкенштајн и тоа ќе им тежи на совест, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.