Зоран Заев и СДСМ по стоти пат го покажаа својот деструктивен карактер за Македонија и македонските интереси, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната изјава на Заев дека нема да ги поддржат македонските црвени линии.
Во продолжение целото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Зоран Заев и СДСМ го одбегнуваат гласањето на Резолуцијата во Собранието и бараат изговори во тривијални работи. Доколку СДСМ навистина се согласува со текстот на Резолуцијата, тогаш нивните пратеници треба веднаш да ја поддржат истата, во спротивно се остава впечаток дека Заев бега и не сака да ја гласа Резолуцијата затоа што во позадина преговара и планира нови отстапки.
Доколку Заев продолжи да си игра со македонските национални интереси на целата јавност ќе и стане јасно дека Заев далеку од очите на јавноста прави нови штетни отстапки.
Со одбивањето да ја поддржи Резолуцијата Заев оди спротивно на изградените позиции кои се прифатени од општата експертска јавност и општествено политичките чинители во државата, а се плод на ставовите на МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА.
Заев да покаже малку храброст и да се надмине себе си. Заев да ја поддржи Резолуцијата.
Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ