СДС се дотерани до ѕид, па лажат и манипулираат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат и самите се свесни. По лидерската средба и самиот Ковачевски и СДС кажаа дека е неуспешна, притиснати до ѕид и незнаејќи што да прават, лажат со денови, за да купат некој ден повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДС немаат повеќе за што да се фатат, освен на нови лаги, од ден во ден.
Наместо да спинуваат со денови, треба само да излезат и да кажат кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат. Едноставно е, ние нема да прифатиме уставни измени под бугарски диктат, единствен начин и Македонија да биде заштитена и интеграцијата да се одвива непречено е преку предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме Ковачевски да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа, додаваат од партијата.