Последиците од неодговорното однесување на власта на СДСМ доведоа до колапс на здравствениот систем, а во стоматологијата направија тотален распад на оваа гранка.
Имено, наместо власта на СДСМ на чело со министерот Филипче да ги заштити стоматолошките работници преку разни видови на помош, а преку тоа и здравјето на граѓаните тие постигнаа целосно спротивен ефект. Со тоа што не го слушнаа гласот на фелата и не им помогнаа на стоматолошките установи од кој било вид (ЈЗУ, ПЗУ-мрежа, ПЗУ) власта предводена од СДСМ има директна улога во порастот на цените на стоматолошките услуги. Пред сè, тоа се должи на покачувањата кои се случија на сите стоматолошки материјали од страна на веледрогериите. Вака драстичниот раст на цените само за преглед се должи врз фактот што цените на материјалите и дополнителната опрема се драстично покачени, а власта на СДСМ со ништо не придонесе да не дојде до раст на цените или барем да ја намали разликата во цените.
Ова можеше да се избегне доколку власта на СДСМ и министерот Венко Филипче не останеа глуви на барањата на фелата.
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ