Во денешниот билтен на МВР се регистрирани само два напада од улични кучиња во Скопје.

На 24.06.2020 во 09,40 часот во Полициската станица Драчево Г.М.(49) од Скопје, пријавила дека на бул.„Србија“ била касната од куче скитник.

На 24.06.2020 во 23,30 часот во Полициската станица Гази Баба Л.К.(52) од Скопје пријавила дека на ул.“Јужноморавски бригади“ била касната од куче скитник.

Со оглед на тоа што има денови кога има многу повеќе пријавени случаи, денешниов може да се смета за помирен. Но, се регистрираат само пријавените случаи, а сигурно многу напади остануваат непријавени.