Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека 1.5 мегавати е соларната централа која Никола Филипче, брат на Венко и Вице Заев, брат на Зоран ја направиле во Дојран.
-За да ја направат соларната централа браќата на Филипче и Заев требале да го пренаменат и земјиштето, како и да добијат одобрение за градба потоа, сетоа тоа го завршиле во законски минимални рокови. Кога се работело за Филипче и Заев институциите водени од нив трчале низ процедурите. Овој бизнис на браќата на Филипче и Заев е тежок четврт милион евра годишно. За да го остварат овој бизнис тие неколку пати требало да добијат позитивни мислења од државните органи со кои управувале нивните браќа, стои во соопштението.
И Филипче и Заев и нивните семејства се богателе додека биле на власт, затоа велиме дека оставиле ограбена држава.