Освен политички инсинуации државната ЕСМ ништо не негираше од наводите кои ги изнесе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски за супер големиот скандал со компанијата Марковски и ископот во РЕК, одговори ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на ЕСМ.

Суштината е што и така склучената рамковна спогодба е по цени три пати поголеми од реалните.

Договорот вреди 9.2 милиони евра и час копање со само еден булдужер чини 16 253 денари.

Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно?Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени?

Очекуваме ЕСМ да одговори конкретно. Во прилог цените со кои Марковски добива илјадници евра за само неколку часа работа.