Фашистите Заев и Филипче ги поделија македонските граѓани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ.
Подолу ја објавуваме реакцијата од опозициската партија:
За фашистите Заев и Филипче постојат само вакцинираните, но не и оние кои прележале корона и ја поминаа голготата да преживеат.
Фашистите Заев и Филипче ја уништија македонската економија со нивните „антиковид“ мерки. Власта со новите мерки предизвикува и економски колапс на малите бизниси, на угостителството.
За само 6 месеци згаснаа околу 5.000 фирми, а за една година под клуч се повеќе од 10.000 фирми.
ВМРО-ДПМНЕ апелира граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може Заев и Филипче да вршат дискриминација.
ВМРО-ДПМНЕ апелира на почитување на протоколите, ама силно се противи на уништување на економијата и на цел сектор од неа, сектор од кој живеат македонските граѓани.
Политиките на Заев и Филипче водат кон сигурен пропаст на државата.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ