Венко Филипче, верен чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС заедно неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Да му објасниме што значи тоа. Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално.

Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да ја оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично.

Надлежните институции во правосудството треба да постапуваат по се што е изведено во јавноста како информација.

Фото: МИА архива