Филипче нема ниту еден успех зад себе. Нема ниту нов Клинички центар кој толку многу го ветуваа. Излажаа дека ќе ја доградат и веќе започнатата Клиничка болница во Штип која во наследство им ја остави владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се истакнува во реакцијата од најголемата опозициска партија за „успесите“ на министерот за здравство Венко Филипче.

– Македонија е рекордер по смртноста на новороденчиња, а најголемото фијаско е што земјава е во врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со Ковид кризата. Државава е изолирана поради неспособноста на Филипче и Заев. Тоа е министерот кој лажеше дека ја вакцинирал својата внука од сипаници и чиј главен и единствен интерес се тендерите и личниот профит. Дали е свесен Филипче дека неговата неспособност преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.