Откако се случи конфликтот во Блискиот Исток, Венко Филипче како да нема што да прави, па секојдневно на прес-конференции ја заменува Богданка Кузеска. До некаде разбирливо е за него, не може да оди во Дубаи да тера бизниси и луди журки со Харис Џиновиќ по елитни хотели, па сега глуми и партиски портпарол, божем многу загрижен за граѓаните и нивниот стандард, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче, која МИА ја објавува интегрално.
Филипче да не се секира, во државава има кој да се грижи за граѓаните. На чело на државата е посветена и одговорна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која будно ги следи состојбите и презема навремени мерки.
Благодарение на преземените мерки на Владата, меѓи кои е и мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10%, Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот.
Состојбата со цените на производите активно се следи на дневна основа и до сега веќе преземените мерки го даваат својот резултат, така што инфлацијата се очекува да се движи помеѓу 4 и 5 проценти, за разлика од истиот период во 2020 година кога истата беше над 10%.
Освен намалувањето на ДДВ за горивата, ќе следи намалување и на акцизите. Така што тоа, веќе од утре Владата ќе донесе одлука за намалување на акцизата за дизел горивата да се намали за 4 денари, додека за бензините за 2 денари по литар гориво.
Паралелно со ова Министерството за финансии анализира и за укинување на ДДВ за сите основни прехранбени производи коишто сега се со 5%.
Така што, на Филипче му порачуваме дека состојбите активно се следат и се преземаат мерки, а во однос на неговите грижи за платите на граѓаните, посебно минималната, го потсетуваме, ако заборавил, дека минималната плата расте согласно закон и методологија донесена токму од владата на СДС.
Пред нас е предизвикувачки период и владата со сите капацитети и можности, се подготвува за преземање на таргетирани, навремени и приоритетни мерки.
Фото: архива




