Само неколку дена откако Венко Филипче изјави дека нема златна виза за Дубаи, истиот тој признава – има. И не само што има, туку „преговарал со болница“, а сега тоа било „ставено на стенд бај“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението понатаму стои:

„Граѓаните имаат право да прашаат:

Како се добива златна виза за преговори?

Зошто визата ја криел?

Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него?

Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен?

Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?

Ова е уште еден доказ дека раководството на СДС се обидува да ги лаже граѓаните, да прикрие бизниси и да бега од одговорност. Додека Филипче „преговарал“ по Дубаи, Македонија тонеше во здравствен хаос, а народот се бореше со маски, страв и недостиг од лекови.

Време е СДС и нивните лажни реформатори да одговараат – пред законот и пред народот. Македонија е премногу долго заложник на нивните манипулации и договори под маса.“