Зоран Заев и Венко Филипче воведоа мерки кои ги диксриминираат граѓаните, а угостителите ги уништуваат, се истакнува во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:
Немаше мерка, ниту одговор на ниту еден од трите корона бранови, а нема ни на прагот на овој 4-ти бран со корона.
Граѓаните од понеделник не можат да социјализираат, не може на кафе да седнат, угостителите не знаат како да постапуваат со гостите од понеделник, а од нив живеат.
Заев и Филипче направија целосен хаос.
Филипче воведе крајно дискриминаторски и фашизоидни мерки и си замина на одмор, односно се врати на одмор.
На ова однесување граѓаните ќе стават крај.
Веќе никој ништо не очекува од Заев и Филипче. Спасот е само нивното заминување од функциите.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ