СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната влада на СДС и ДУИ. Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Наке Георгиев и Иџет Мемети се ситни криминалци во споредба со крупните криминалци од владата на СДС и ДУИ за кои институциите треба конечно да се охрабрат и да истражат дали од позиција на функција и моќ влијаеле врз судски одлуки и се стекнале со материјална корист.
САД, Европската комисија и сите меѓународни институции јасно укажуваа и нотираа во сите истражувања и извештаи дека правосудниот систем е корумпиран и дека Македонија нема напредок во борба со криминалот и корупцијата, само СДС и ДУИ се правеа при очи слепи, при уши глуви.
Денеска број еден тема наместо нови инвестиции во Македонија, е апсењето на Наке Георгиев кој во моментот на земање мито е приведен.
Со инсталирање на свои корумпирани кадри, Ахмети и Ковачевски го доведоа правосудниот систем во целосен хаос.
Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ниската доверба на граѓаните во судството е поради висок степен на криминал и корупција, излезе на површина.
Во која европска држава врховниот судија кој треба да ги почитува законите, да суди и носи одлуки согласно законите, зема мито и се обидува да влијае врз судски процес, односно влијаел за да се донесат олеснителни околности во случајот за екс градоначалникот на Ново Село од СДС, Боро Стојчев.
Криминалот и корупцијата во Македонија се резултат на неказнивост и директна спрега меѓу власта на СДС и ДУИ и правосудните органи.
Но, добро е што ова завршува. Важно е што институциите со промена на власта ќе се ослободат и конечно ќе работата во интерес на државата и граѓаните.
Секој кој што се огрешил пред законот и стекнал материјална корист од позиција на моќ и функција и влијаел врз правдата и владеењето на правото ќе одговара.
Само така Македонија повторно ќе биде правна држава!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.