Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св. Никола с. Љубанци ќе ви е вечно благодарна.
Ова е благодарноста на Јохан Тарчуловски изречена преку неговата ФБ страница до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за одлуката лустерите од штабот на партијата да бидат донирани на македонските цркви и манастири.