За ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, човек што манипулира, лаже и навредува.
-На Република Македонија не и е потребен нов Заев како претседател. Република Македонија има потреба од честит човек со интегритет. Граѓаните не сакаат да имаат кандидат за претседател кој ги нарекува стока. СДСМ го понижува народот, ако мисли дека граѓаните ќе гласаат за претседателски кандидат кој ги споредува со овци, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека граѓаните не се неуки како што тоа СДСМ и Пендаровски мислат.
-Народот сака претседател кој ќе ги претставува нивните интереси и ќе работи согласно Устав и закон. Стево Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најголемата опозициска партија, со Пендаровски како претседател би продолжило кршењето на Уставот и девалвирањето на правната држава. Владеењето на правото ќе биде само мисловен поим, а поделбата помеѓу граѓаните ќе биде уште поголема од сега.
-Пендаровски е човек кој пропагира поделба, наспроти Гордана Силјановска Давкова која нуди сплотување и просперитет. Република Македонија нема потреба од нов Заев. Граѓаните ќе го поразат Стево Пендаровски и ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. Време е за промени. Граѓаните бараат подобро, заклучува опозициската партија.