ХЕЦ Тиквеш мора да остане сопственост на државата, власта да се вразуми и да не ја дава гратис на инвеститорот во ХЕЦ Чебрен, бара ВМРО-ДПМНЕ преку денешното соопштение.

ХЕЦ Тиквеш е хидроцентрала која е градена со народни пари, таа е исплатена и сега произведува струја за народот преку ЕЛЕМ која се движи од 7 до 12 евра за мегават час. Во време кога пикова струја каква што се произведува од истата чини над 200 евра за мегават час на берзата ХУПЕКС.

ХЕЦ Тиквеш е и огромна акумулација од која зависат земјоделците во целата Тиквешија, најголемиот винарски регион во Македонија. И тие илјадници земјоделци не смеат да зависат од волјата и бизнис интересот на потенцијалниот инвеститор во ХЕЦ Чебрен, кога ќе сака да им пушти вода, а кога не.
ВМРО-ДПМНЕ поддржува изградба на ХЕЦ Чебрен, и како идна влада ќе помогне на потенцијалниот инвеститор, за се што е потребно како држава и влада, но владата на СДС мора да се откаже од намерата на истиот да му ја подари ХЕЦ Тиквеш.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи нов бомбона бизнис, овој пат во форма на мираз за потенцијалниот инвеститор за изградба на ХЕЦ Чебрен. И сериозно ќе се занимава за ревизија на таков договот доколку се случи, околу вклучувањето на ХЕЦ Тиквеш во целиот проект.

ХЕЦ Тиквеш е на народот и така треба да остане. Илјадници семејства зависат од водата на акумулацијата и се произведува евтина струја за домаќинствата, се истакнува во соопштението на партијата.