Нема ништо од ветувањето на Заев за европска иднина, Македонија се брани во Брисел, а не со коленичење во Софија, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението го пренесуваме во целост:
Додека претседателот Христијан Мицкоски го користи секој контакт да ја промовира Македонија, Заев ја понижува.
Мини Шенген на Заев не може да биде замена за европската иднина.
Додека Заев е фрлен на крадењето, ВМРО-ДПМНЕ во Брисел ги брани интересите на Македонија.
Изјавата на португалската министерка е доказ дека Бугарија не е осамена во ветото.
Додека Заев чека да ја проверел преку МНР автентичноста на снимката од португалската министерка, сите ние слушнавме што кажа. Прво, дознавме дека освен Бугарија има и други држави кои не се против ветото, второ, навикнавме Заев да не реагира на омаловажувањата за нашите идентитетски обележја.
Заев нема план како понатаму. Заев тера ден за ден политика, од еден до друг неуспех.
Време е да ставиме крај за Заев. Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ