Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.
Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста.
Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција.
Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја, се истакнува во соопштението.