Вчера повеќе медиуми пренесоа дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Ја пренсеуваме целата реакција од партијата на вчерашниот настан:
Меѓу групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екс советник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка Филип Андов Сокол.
Дали е точно дека во инцидентот бил вклучен Филип Андонов Сокол?
Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста?
Зошто не е поднесена пријава од полициската за сите други освен за екс советникот на Заев?
До кога Скопје и Македонија ќе биде заложник на бандити кои се над законот?
Наместо одговорност Зоран Заев ги става на пиедестал насилниците и бандитите.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ