Пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Го пренесуваме соопштението од опозициската партија:
Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени.
ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор.
Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не.
Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ