ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за нивелирање на коефициентот на сложеност во образованието со минималната плата, СДСМ да го поддржи предлогот.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое подолуго објавуваме во целост:
Со нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата, ќе дојде и до општ пораст на платите во образованието.
Ги повикуваме пратениците на СДСМ, ДУИ и другите партии од власта да го поддржат овој предлог, кој ќе биде доставен до собранието, како и сите опозициски партии.
Предлогот е во согласност со буџетот на државата, и тој може да се изреализира доколку од власта намалат со непродуктивните трошења, договорите во четири очи и матните тендери.
Наставниците заслужуваат поголеми примања, и нивните барања се издржани. Власта наместо да им се заканува и да се обидува да ги попречува во штрајкот, да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде поднесен во Собранието, а со кој ќе се решат проблемите на просветните работници.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ