Во недостаток на теми и продуктивни дискусии и за да ја затскрие својата дезориентираност и изгубеност опозициската СДСМ отвора теми за набавки на владата кои се вообичаени и се правеле од 1990 година до денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму бараат одговори од СДСМ за неколку прашања поврзани со најновите зделки на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој како што велат од партијата, е близок со сегашниот лидер Венко Филипче.

-СДСМ се однесува многу нервозно поради тоа што Венко Филипче, секому е јасно, е чуварот на фотелјата на Зоран Заев. Додека СДСМ на домашна сцена кризира, нејзиниот лидер Заев е на богата печалба во Дубаи каде гради згради. Од друга страна од СДСМ молк за тоа дали Заев бил сопственик на една авиокомпанија од Индија? Има целосен молк и за тоа која е поврзаност и улогата во сето тоа на Венко Филипче – велат од ВМРО ДПМНЕ од каде што прашуваат:

-Како Заев со административна плата стигна да гради згради во Дубаи и да има авиокомпанија во Индија? Колку украде двоецот Заев – Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?