Одлуката на Комисијата на Филипче за случајот со родилката Веаповска е показател за упропастениот здравствен систем, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Патем оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот. Срамота. Оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот. Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.