Комплетна невистина е дека сопругата на министерот Тимчо Муцунски патувала во Вашингтон, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението ан СДСМ во кое се инсинуира дека на патувањето ан владината делегација во Вашингтон била и сопругата на министерот Муцунски.
„Срамно и жално е што СДС и малиот Заев, Филипче станаа извор на лажни вести.
Денес Филипче требаше да излезе и да објасни како се стекна со супер луксузна хациенда на падините на Водно како министер и супер луксузно возило? Со која плата и кои извори на финансирање?
Наместо одговори тие продуцираат лажни вести’ реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно СДСМ во соопштение истакна:
Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други.
СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?