Со лажните соопштенија СДСМ криминалот нема да го сокријат, Ковачевски нека одговори во која канцеларија се наоѓа Луј Витон торбата, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ.

Ја објавуваме реакцијата од опозициската партија:

Криминалите на СДСМ не можат да се сокријат со леди соопштение исполнети со лаги.

Ковачевски нека одговори во која канцеларија се наоѓа Луј Витон торбата.

Колку милиони евра од рекет завршија во џебовите на функционерите од СДСМ.

Жив фатен во рекет во РЕК беше братот на Зоран Заев, Вице. Токму неговото име се брише од кривична пријава

До каде е случајот каде што Ден Дончев беше жив фатен како става туце на пари во торба. Зошто не се отвори ниту истрага?

Криминалот во СДСМ е енормен. Криминалот единствено е во СДСМ.

Но, одговорност за сите криминални дејства кои СДСМ сака да ги сокрие ќе има.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ