Откако и платија билборди, и спотови на Арсовска, сега конечно нарачателот на таквата лажна кампања во ликот на дезертерот Ковачевски се јави во јавност и лажно го обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
И замислете кој обвинува за тендери и матни зделки, тој кој ја води најкриминалната влада во Европа и тој кој во свој посед ги држи и обвинителството и полицијата.
Што се однесува до проектите за Скопје, ќе има фабрика и електрични автобуси кога оваа криминална влада ќе замине и кога ќе се создадат услови за инвестирање. Се додека е оваа криминална влада никој не сака да инвестира.
Што се однесува до другите проекти тие може да ги развиваат со Арсовска на било која од тајните средби кои ги имаат.
Од друга страна дезертерот Ковачевски треба да одговори кои фирми блиски до власта заработуваат во време на енергетската криза?
Како тие фирми се поврзани со Ковачевски? И дали Ковачевски ем е дезертер, ем струен профитер? Јавноста набрзо ќе има одговори. А по смена на власта ќе има и одговорност.
Центар за комунукации на ВМРО-ДПМНЕ