СДСМ и Ковачевски се единствени што не го осудија промовирањето на фашизам од страна на Бугарија во Македонија, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ кое го објавуваме во целост:
Ковачевски не го осуди отворањето на клубот Ванчо Михајлов. Ковачевски е на линија со бугарските фашизоидни тенденции.
Добрососедство не се шири со провокации, туку со добра волја и искрени намери. Доколку Петков е за добрососедство тој ќе отвори македонски културни центри во Бугарија.
Ковачевски да го повика Петков и на почитување на македонското малцинство во Бугарија.
Ковачевски мора да се придржува и до Декларацијата од собранието, која е гарант на македонската нација, историја и јазик.
Меѓународната заедница да реагира на фашизоидните тенденции на Бугарија, отворањето на културниот центар Ванчо Михајлов е провокација.
Ковачевски воедно да побара и писмени гаранции за нашиот идентитет, јазик и историја од ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ