Димитар Ковачевски е пиун на Заев и верен поклоник на заевизмот. Тој е на таа позиција за да ги продолжи погрешните политики на Зоран Заев, за да ги продолжи истите лаги и флоскули. Ковачевски не само што не се откажува од Заев, не само што не ги критикува неговите политики, туку понизно му се поклонува.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Затоа се обиколува со истите луѓе на заевизмот што не ветува апсолутно никакво подобрување на политиките, освен криминал и корупција исто како од времето на приватизацијата и транзицијата.
Впрочем и самиот Ковачевски е наследник на елитата која ја спроведе приватизацијата и која на улица остави скоро 200 илјади работници, граѓаните во сиромаштија и 674 запустени фабрики. Веројатно затоа Ковачевски за свој соработник ја избра Нина Фити, ќерката на Таки Фити, министерот за финансии од времето на транзицијата. Да потсетиме Фити беше единствениот министер во чиј мандат девалвирал македонскиот денар. Во јули 1997 година во време на мандатот на Фити македонскиот денар девалвираше од 27 на 31 денари за една германска марка со која нашата валута беше поврзана според политиката за стабилен курс. Ова беше директен удар по стандардот на граѓаните, кој тогашната власт го спинуваше со полициски акции во Тетово и Гостивар во кои имаше и човечки жртви.
Епа сега Ковачевски од толку кадри се одлучи за ќерката на Таки Фити со цел да ја заокружи сликата за Втората генерација на Транзициска олигархија. Ова е најлошата можна комбинација која може да се случи на Македонија, спојот на транзицијата и заевизмот, што е сигурна комбинација на криминал.
На ова мора да му се стави крај на предвремени парламентарни избори.