За претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е избрана пратеничката Благица Ласовска, а за секретар за меѓународна соработка е избран Тимчо Муцунски.
Ваква одлука е донесена на вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Ласовска, која досега беше в.д. претседател е поранешен претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на ИК на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски е докторанд и асистент на Правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација. Тој во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на ИК на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на претседател на ВМРО-ДПМНЕ.