Криминалот, непотизмот и кронизмот се симболи на СДС, сега се работи одговорно и посветено на заштита на стабилноста, безбедноста и достоинството на граѓаните. МВР во време на СДС и Оливер Спасовски беше алатка за заштита на криминалот и корупцијата, а Заев и Спасовски шуруваа со белосветски криминалци – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

СДС нема кредибилитет да зборува за непотизам, ниту за безбедност, затоа што 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.

Улиците во Скопје во време на СДС, ДУИ и Оливер Спасовски беа како Дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше среде ден.

Во време на Оливер Спасовски секој ден почнуваше со скандал, Спасовски им даде пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска, ниту одговорност.

Во време на СДС и Спасовски полицајци се удираа во пајак-возилата, во време на Спасовски командири од Прилеп дилаа дрога, исчезнуваше оружје од депото на МВР, се крадеше масло од канабис, немаше одговорност на Спасовски, ниту за „Беса транс“.

Во време на Спасовски бевме први во Европа по бегства од затвори.

За разлика од минатото, кога полицајци се удира во пајаци, сега МВР реагира одлучно, брзо и професионално за сите кривично-правни настани и прекршочни настани.

Професионалната и независна полиција е темел на секое демократско општество. Заложба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е градење силни и независни институции, кои работат исклучиво во интерес на граѓаните, со целосна транспарентност и одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото МИА архива