Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра, економијата не генерира раст, а со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра. Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП. Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики. СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст. Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет. Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години. Со СДСМ Македонија тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.