Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат. Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината? Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат, истакнуваат од опозицијата.
Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка. Одговорност веднаш, додаваат од таму.
Изминатите денови, ВМРО-ДПМНЕ веќе посочи дека Оливер Спасовски нема безбедносен сертифкат од НАТО, укажувајќи дека постои уште еден министер во Владата на Заев со кого НАТО го има истиот проблем. Треба ли да с епосочува на тежината на овој скандал?