Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите. Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија, велат од Комисијата.

Тие поставиваат четири прашања:

1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?

2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?

4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените?

-Ваквото незаконие за среќа завршува. ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, велат од Комисијата.