Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со криминалот и корупцијата во државава.
– Се случи „Рекет 1“ и „Рекет 2“. Генерален секретар на Владата договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега. Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана. Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори. Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи. Молчат. Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа. Заев е виновен, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.